Пијан возач нападнал полицаец во Куманово

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено на 30.04.2016 година, во Куманово во близина на „Стара црква“ откако пријавениот бил запрен од страна на полициски службеници од Полициската станица Куманово и било утврдено дека го управува возилото под дејство на алкохол, истиот изреволтиран поради изречена глоба за сторен прекршок го нападнал полицискиот службеник удирајќи го по градниот кош.