01.11.2019 08:41

Пијан Русин нападнал полицаец – му фрлил мачка врз лицето

Facebook Twitter Google+

На еден Русин му се заканува затворска казна од пет години за наводен напад врз полицаец со мачка, пренесува Би-Би-Си.

Осомничениот Генеди Шербаков, наводно, ја фрлил мачката кон полицаецот кој му пристапил по поплаки од соседите во станбен блок во Москва.

loading...

Приведена мачка која била дилер на дрога

Полицискиот службеник, кој му пристапил на осомничениот поради поплаки од соседи за врева се здобила со „сериозни гребнатини“ на лицето.

И 59-годишниот Шербаков е обвинет за насилство врз полицаец. Обвинението е поднесено вчера, една година откако се случи инцидентот.

Мачка криумчарела мобилни телефони во затвор

 Напаѓачот бил пијан

Според извештајот на руската телевизиска станица Рен, Шчербаков седел на скалите на една зграда во Москва на 4 октомври 2018 година, и наводно бил многу пијан.

Соседите го пријавиле за вознемирување, но кога еден полицаец му пристапил, Шербаков одбил да одговори на прашањата и ја зел блиската мачка. Потоа ја фрлил врз полицаецот.

Мачката се залепила и ги зарила канџите на лицето на полицаецот.

loading...

Мачката со две лица е хит на Инстаграм (ФОТО)

Обвинетиот негира дека ја фрлил мачката кон полицаецот.

Обвинетиот, кој не живее во станбената област каде се случил инцидентот, негира дека ја користел мачката како оружје и тврди дека животното само скокнало на лицето на офицерот.

Тој е обвинет според кривично право за насилство врз службено лице.

Оваа мачка стана вистински полицаец: Положи заклетва и секој ден оди на работа во станица (ФОТО)

Не е познато зошто обвинението е издадено една година по инцидентот или што се случило со мачката.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments