Приведена мачка која била дилер на дрога

Сподели со своите пријатели

Во rуската Република Татарстан, затворските чувари фатиле мачка за која се сомневаат дека била користена за шверц на дрога во синџирче околу вратот.

Loading...

Локалните затворски службеници велат дека сличен инцидент се случил во институцијата во 2010 година кога мачка била користена за шверцување хероин.

Мачка криумчарела мобилни телефони во затвор

Неколку дена чуварите на мачката не ѝ обезбедуваке храна, а гладната мачка се обидела да го пронајде сопственикот и потоа била фатена.

Во извештајот се вели дека таа е родена во затворот, а еден еден од затворениците ја предал насоработници во надворешниот свет, се вели во извештајот на Би-Би-Си.

Новите сопственици наводно ѝ ставиле ѓердан исполнет со хашиш и амфетамини и ја вратиле во затворот.

Воен експеримент: Како мачка под дејство на ЛСД реагира на глушец? (ВИДЕО)

Сепак, мачката била „уапсена“ и била предадена во локален центар за нега на животни.

Loading...

Во 2018 година беше објавено дека мачка за која постои сомнение дека е курир во случајот со шверц на дрога во регионот Тула, избегала од притворот, загрозувајќи ја истрага.

Во врска со случајот, според руското Министерство за внатрешни работи, поранешниот затвореник смислил план за воспоставување канал за испорака на дрога со употреба на затворено милениче.

Оваа мачка стана вистински полицаец: Положи заклетва и секој ден оди на работа во станица (ФОТО)

Адвокатите на одбраната побараа случајот да биде затворен бидејќи мачката побегна.

Требаше да биде клучен доказ и за обвинителството и за одбраната.

Адвокатот на одбраната изјави дека нема да може да се изврши експериментот што го планирал, што ќе покаже дали мачката е способна за планираниот потфат.

Leave a Reply