Пиењето пиво има и свои маани: Еве зошто се јавува надуеноста!

Сподели со своите пријатели

Пивото е прифатлив, и вкусен пијалак кој совршено се вклопува во речиси секоја пригода и дружење, па затоа не е чудно што е толку популарно.

Loading...

Знаеме дека е калорично, особено поради јаглехидратите, но има уште еден негативен аспект при пиење пиво.

Според диететичарот Лоре Барак, еден од главните несакани ефекти од пиењето пиво е чувството на подуеност.

 

 

Пивото, како и другите газирани пијалаци, може да предизвика надуеност бидејќи испушта јаглерод диоксид во телото, вели Барак.

На гастроинтестиналниот тракт му се потребни гасови како што се кислород, водород и јаглерод диоксид за да работат правилно и да изградат природни бактерии кои ја разложуваат храната.

Loading...

Меѓутоа, кога имаме вишок на кој било од овие гасови, како што е додаден јаглерод диоксид од газирани пијалаци, може да доживееме непријатна надуеност.

 

 

„Секој е различен. Се чувствувам надуено по само едно пиво, можеби некој ќе осети по неколку пијачки“, додава Барак.

Освен јаглерод диоксид, надуеност може да настане и поради воспаление на цревата, кое е предизвикано од консумирање алкохол во одреден период.

Кога тоа е причината, покрај надуеност, постои и раст на желудникот, а воспалението може да стане хронично и да доведе до проблеми со органите.

Заклучокот е дека алкохолот е совршено добар кога се пие умерено. Ако чувствувате надуеност и болки во стомакот додека пиете пиво, следниот пат одберете друг вид пијалок, пишува Индекс.

Loading...