Пет лица повредени при судир на „туран“ и полициско возило во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Пет лица, меѓу кои и двајца полициски службеници се повредени при сообраќајка што вчеравечер се случила меѓу „туран“ и полициско „шевролет спарк“.

Loading...

 

 

– На 05.02.2023 околу 21.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од улиците „Иво Лола Рибар“ и „Пиринска Македонија“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.И.(19) од село Матејче, липковско и патничко возило „шевролет спарк“ сопственост на МВР, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

 

Loading...

Како што појаснуваат од полицијата, во незгодата со телесни повреди се здобиле двајца полициски службеници од полициското возило, возачот на возилото „фолксваген“ и двајца негови сопатници, Б.Р. и А.Р., констатирани во Општа болница Куманово.

Екипа од СВР Куманово извршила увид на место на настанот.

Никола Ивановски/ фото: ФБ