Пет активности поради кои изолацијата не мора да биде досадна

Сподели со своите пријатели

Останете дома е предупредување кое различно влијае на сите. Најважно е да се разбере дека ние сме тие што можеме да ја свртиме ситуацијата во наша корист.

Loading...

Времето дома можете да го искористите со некоја од овие активности и со забава да работите на себе.

Најстариот човек во светот го прослави 112. роденден во изолација

1. Погледнете претстави за кои можеби порано не сте имале време

Одредени театри ги пренесоа своите претстави и балети во светот на интернетот и понудија бесплатно да нè развеселат, и ние можеме да ги развеселиме нив следејќи ја нивната содржина.

За сите оние кои со тага гледаа како се откажуваат веќе распродадените претстави и балети, ова дојде како спас, и ако сте еден од оние кои не чекаат да одат во театар, ова би можело да биде вашата шанса да се вљубите во театарската уметност.

ДЕН НА СЛОБОДАТА: Вухан отворен по два месеци изолација

Мјузиклите од Бродвеј се исто така достапни на интернет за ограничено време, затоа не заборавајте да ја проверите оваа светски позната атракција. Можете исто така да поминете време во читање бесплатни книги или да истражувате нови дигитални решенија.

Loading...

2. Свртете се кон дигитални решенија и дознајте ги сите за нивните придобивки

Ако досега сте одбиле да уживате во придобивките од дигиталните решенија затоа што се плашевте да научите за „алатките на иднината“, сега е време да им дадете шанса.

Ја прекршил изолацијата па го изел крокодил

Тие се направени за да го олеснат животот и да се прилагодат на човечките потреби и, генерално, да заштедат многу време. Скоро и да нема област каде што нема да најдете образование преку интернет, многумина веќе го замениле класичното купување со онлајн шопингот, а индустријата која беше меѓу првите што усвои нови дигитални технологии е финансиската.

Затоа, можете да го искористите вашето време за да го пронајдете саканото онлајн образование, да нарачате намирници преку веб-продавницата или да „прошетате“ до виртуелна канцеларија за да ги решите документите.

Да, виртуелниот бизнис денес е реалност и може да се справите со скоро сè што има банката да понуди, па дури и да отворите сметка. Но, ако сте нови во дигиталниот свет, секогаш можете да ги преземете малите чекори и прво да започнете со мобилно или интернет банкарство.

СВЕТОТ НАВИВА ЗА НИВ: Љубов во време на самоизолација (ВИДЕО)

3. Исчистете го домот

Loading...

Ако нешто можевме да научиме од оваа ситуација, тогаш тоа е дека материјалните работи доаѓаат и си одат. Сега е добро време да се збогуваме со сите оние преголеми или премали парчиња облека што сте ги чувале за секој случај.

Одете низ кујната или подрумот и ставете сè што не ви треба во кутија што подоцна ќе ја проследите. Во дневната и спалната соба, погледнете наоколу по полиците и извадете ги сите непотребни предмети за да ве натера да се чувствувате поактивни.

Бабички не сакале сами во изолација: Одлучиле да живеат заедно, а од залихи имаат вино (ВИДЕО)

4. Станете кулинарски виртуоз

На социјалните мрежи веќе се збиваат шеги за тоа дека изолацијата е идеална за покачување на телесната тежина. Постојаното грицкање и недостигот на движење ќе дојдат по своето, но не грижете се. Добрата работа за изолацијата е што конечно имате можност да јадете домашна и топла храна секој ден, а не да се загрева во микробранова печка.

Исто така е можност да креативно да се изразите во кујната. Инспирирајте се од едноставни рецепти со само неколку состојки за да се усовршите, а потоа да станете вистински виртуоз на кулинарството.

Сите купуваат тоалет за изолација, Американците оружје

Научете да печете сопствен леб, сочен колач, тестенини со едноставни и брзи сосови или здрава паштета од туна со само три состојки. Идеи има безброј во интернет рецептите.

Loading...

5. Вежбајте дома

Виртуелните тренинзи бе ахит и пред глобалната криза со коронавирус и изолацијата. Тие имаат многу предности: не мора цело време да доаѓате на одредено место, тренерите се секогаш достапни за вас и систематски го следите вашиот напредок.

Како хороскопските знаци реагираат на карантин и самоизолација?

За интровертите, ова е еден од омилените начини за вежбање, а деновиве ќе стане за секого. За разлика од канцеларијата, сега можете да станувате секоја минута од вашиот компјутер и да направите серија вежби за грб или истегнување без никој да ве гледа чудно, што веројатно би го направиле вашите колеги од канцеларијата.

Иако на почетокот може да ви изгледа тешко да останете фит додека сте изолирани, ова е одлична можност да ги испробате сите вежби понудени на интернет. Истегнување, јога, пилатес за зајакнување на грбот, кросфит, зумба или танцување за да се потроши вишокот енергија – ова е можност да се обидете да испробате што најмногу ви прилега.

Leave a Reply