Песков: Влезот на Финска и Шведска во НАТО не ја зајакнува безбедноста на Европа

Сподели со своите пријатели

Кремљ е загрижен поради одлуката на Финска и Шведска да влезат во НАТО и не мисли дека нивното влегување ќе ја зајакне безбедносната архитектура во Европа, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Loading...

„Веќе кажавме дека за нас, се разбира, тоа е примарното прашање што најмногу внимателно го следиме. Постојат причини за многу длабока анализа на можните последици. Не мислиме дека влезот на Финска и Шведска во НАТО ќе ја зајакне и подобри безбедносната архитектура на нашиот континент“, изјави Песков за новинарите, пренесува РИА Новости.

 

Русија жестоко им се заканува на Финска и Шведска поради НАТО

 

Говорејќи за настаните во Украина, тој го привлече вниманието на фактот дека Русија нема територијални спорови ниту со Финска, ниту со Шведска, додека Украина потенцијално би можела да стане членка на НАТО, а потоа Русија би имала територијален спор со земја која е дел од Алијанса.што носи огромни ризици за целиот континент, пренесува Танјуг.

Песков нагласи дека прашањето за приемот на Шведска и Финска во НАТО е сериозно и предизвикува загриженост во Русија, која внимателно ќе ги следи последиците од приемот на Финска и Шведска во НАТО во однос на безбедноста на Русија.

 

Loading...

Русија жестоко им се заканува на Финска и Шведска поради НАТО

 

„Внимателно ќе следиме што ќе се случи, внимателно ќе ги следиме изјавите. Имаше изјава од шведска страна дека земјата нема да има странска воена база или вооружен систем на своја територија, дури и ако е членка на Алијансата“, додаде Песков.

Тој истакна дека Кремљ внимателно ја следи и ја анализира ситуацијата во врска со изгледите за обезбедување на безбедноста на Русија.