Песков: Јасно е дека Киев не сака преговори

Сподели со своите пријатели

Изјавата на украинскиот претседател Зеленски дека нема да има „Минск-3“ ја потврдува позицијата на Киев дека не сака да преговара, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

На прашањето на РИА Новости дали овие зборови на Зеленски го потврдуваат ставот дека нема да има преговори со Руската Федерација, Пекосв кратко одговори: „Апсолутно потврди“.

Претходно, во видео обраќање до лидерите на Г-20 на Бали, Зеленски рече дека Русија мора да ги повлече сите свои војници од територијата на Украина и дека не може да има територијални отстапки од страна на Киев.

„Очигледно е дека на зборовите на Русија не може да им се верува и нема да има Минск-3, што Русија ќе го прекрши веднаш по неговото склучување“, рече Зеленски, пренесе Интерфакс Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.