Пентагон: Тенковите Абрамс пристигнаа во Германија пред обуката на украинските сили

Сподели со своите пријатели

Триесет и еден тенк М1 Абрамс пристигнаа во Германија пред програмата за обука на украинските сили на американски тенкови, објави Пентагон.

Loading...

Украинските екипи се очекува да започнат со обука во Графенвоер, Германија, во следните неколку недели, изјави портпаролот на Пентагон, Пат Рајдер, според Си-Ен-Ен.

Се очекува обуката да трае неколку месеци, а тенковите да бидат испратени во Украина наесен, пренесува Танјуг.

Тенковите кои пристигнуваат во Германија се специјално наменети за обука на украински посади, додека тенковите кои на крајот ќе бидат испратени во Украина се ремонтираат и се подготвуваат за испорака, рече Рајдер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.