Пеј Пал најави тужба бидејќи корисник починал, а тоа било кршење на правилата

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Пеј Пал“ испратила известување до купувач кој починал од рак дека смртта е кршење на нивните правила и дека затоа ќе следува тужба.

Како што пренесува ВВС, „Пеј Пал“, популарен систем за онлајн плаќање, кој заменува плаќање со кредитна картичка, известен е за смртта на купувачот Линзи Дардл, но и покрај тоа испратиле писмо дека нејзината смрт ги кршни нивните правила.

Хаувард Дардл, сопруг на починатата Линзи Дардл, до системот доставил копии за потврда на смртта, нејзин тестамент и лична карта. И покрај тоа поинатата подоцна добила писмо на мејл во кое е наведено дека на претприемачот му должи 3.200 фунти. Напишале дека примиле известување за нејзината смрт, поради што се прекршени правилата за користење на наплатниот систем со кој се сложил корисникот при креирање на профилот.

По настанот, компанијата се извинила поради инцидентот и постапката ја опишала како „нечувствителна“. Запонале истрага за да се одреди како пораката била испратена. Дардл за ВВС изјавил дека еден од вработените во компанијата му рекол дека за настанот постојат три можни сценарија, а тоа се: дека грешката ја предизвикал компјутерски баг, дека станува збор за лош шаблон за пораки или дека е човечка грешка. Тие се обврзале дека случајот ќе го истражат.

Leave a Reply