Павловски: „За наше Куманово“ победува во недела, џабе правите притисоци и дезинформирате (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник во идниот Совет во општина Куманово Николај Павловски, денеска одржа прес-конференција за притисоците и заканите со кои се соочуваат кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник од оваа граѓанска иницијатива.

Loading...

Во продолжение го проследуваме обраќањето на кандидатот за советник Павловски во целост:

 

 

Притисоците и лажните обвинувања кон иницијативата „За наше Куманово“ продолжуваат и во последните денови од кампањата. Но, овој пат од кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ Оливер Илиевски и од пратеничката на СДСМ Лидија Тасевска.

Вчера, и двајцата излегоа со дефинформации за наводна злоупотреба на службената положба на кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски за
купување на државно земјиште.

Погледнете со какви лаги и манупалации се служат само за да дојдат навласт.

Loading...

Оливер Илиевски вели дека со тоа земјиште Димитриевски се стекнал со државно земјиште кога бил претседател на Совет, а пак Лидија Тасевска кога Димитриевски бил градоначалник. Какви дезинформации од лица кои сакаат да им служат на граѓаните. Ова е злоупотреба и срамно!

Прво, тоа не е државно земјиште, туку е приватно земјиште купено од приватно лице, како и многу други купувачи во тоа време кои земале таков имот. Димитриевски ниту бил претседател на Совет, ниту градоначалник. Го купил после неговиот работен ангажман во Ирак!

Второ, за истото земјиште се водело постапка 9 години, а во тој момент Димитриевски немал ништо со политика. Земјиштето е уредно пријавено, со документи и сите постапки како негов имот и тоа се гледа во неговата пријавена имотна состојба во ДКСК.

За ваквите манипулации и недемокраски процес, граѓаните се информирани од пред почетокот на кампањата за локални избори.

Кандидатите за советници од иницијативата „За наше Куманово” како и кандидатот за градоначалник се под закани и притисоци и се предмет на
недемократски средства и начини за водење кампања.

Иницијативата „За наше Куманово” истапи со конкретни проекти, со решенија коишто се реални и остварливи и што се продолжување на она што
е направено во изминатите 4 години. Сите притисоци и недемократски средства се произлезени од поединци од власта кои злоупотребувајќи ги државните институции и во лични и партиски цели се обидуваат да нè дискредитираат, оцрнат, нè напаѓаат и создаваат невистинити конструкции. Се обидуваат да нè спречат на патот наше Куманово да го направиме град со иднина и со услови за развој.

Нашата цел е да работиме за Куманово, а нивната цел е да го вратат Куманово назад, какво што беше до пред 4 години. Нашата идеја е да го продолжиме тоа што е започнато, да создадеме инфраструктура секаде каде недостига, да го средиме урбаниот хаос, да создадеме училишни центри каде нашите деца ќе се образуваат, со спортски сали за секое училиште. Нивната е да ја приграбат власта за личен бенефит, лична корист.

Се вршат притисоци врз граѓаните на Куманово. Се вршат врз вработени во јавната администрација, во средните и основни училишта, врз членови и
симпатизери на Социјалдемократскиот сојуз. На нивните лажни конструкции дека сме ги злоупотребувале институциите во пресрет на локалните избори, излеговме со докази во јавноста дека Централната власт и поединци од раководни позиции вршат злоупотреба на својата позиција. Испраќаат смс пораки и вршат притисок на вработени во државните институции за да доставуваат списоци со 10 до 15 гласачи.

Loading...

Министерството за внатрешни работи, институција којашто треба да е во служба на граѓаните и да ги штити, е злоупотребено од поединци од СДСМкои оваа државна институција ја користат за личен рејтинг и победа на локалните избори.

Толку многу е експлоатирана институцијата во партиски цели, што ние не знаеме кој е кандидатот за градоначалник на општина Куманово. Дали тоа е
Оливер Илиевски или Оливер Спасовски? Двајцата заедно одат на скоро сите активности, Спасовски зборува како кандидат за градоначалник, а Оливер
Илиевски аплаудира! Кој е кандидатот и кој нуди решенија за Куманово?

Министерот на оваа институција, Спасовски ја злоупотребува институцијата и вработените на Министерство за внатрешни работи со вршење притисок врз вработените на Општина Куманово и нејзиниот градоначалник Максим Димитриевски преку инструирани стопирања на градежни работи кои се
одамна започнати и влезени во годишната програма и се со цел подобрување на Куманово. Кој тука работи за Куманово, а кој против?

Со секој чекор кажувате дека го прифативте класичното режимско постапување од најлошите години.

Потврда за тоа е појавата на снимката за која од иницијативата “За наше Куманово” е поднесена пријава за обид на изнуда средства од кандидат во време на изборен процес. И токму оваа снимка е доказ за притисок и организиран напад врз советници од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, како и обид за изнудување парични средства кои директно ги одбивме. Затоа, ги повикуваме надлежните институции да постапат и да го решат овој случај до крај.

Овој начин не е демократски, ниту коректен. Ова е срамно што се случува. Срамно е затоа што се обидуваат тој што коректно и чесно работи да го прикажат во поинакво светло. Во овие дела нема ни чесност, ни принципи ни вредност, она што го правите е спротивно на она што го зборувате.

Уште денеска ќе живеат вашите конструкции и местенки, закани и притисоци, затоа што граѓаните на Куманово ја знаат вистината, гледаат и во изминатите години што се случувало а гледаат и денес. Со ни една лага, конструкција и притисок не можете да го избришете тоа што е направено во изминатите 4 години. Затоа што тоа едноставно нема да помине кај граѓаните на Куманово и на 17ти октомври тие ќе знаат да одлучат што е добро за нив и за Куманово.

Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ во недела ќе донесе огромна победа на локалните избори во Куманово и покрај сите притисоци, закани и креирање на лажни слики во јавноста. Иницијативата „За наше Куманово“ ќе ја создава иднината на овој град.“

Loading...