Патрушев: САД и нивните сојузници го туркаат светот кон глобална војна

Сподели со своите пријатели

Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев изјави денеска дека оружјето што го снабдува Западот и странските платеници се приоритетни цели на руските сили кои се борат во Украина, пренесе РИА Новости.

Loading...

САД и нивните сојузници ги спротивставуваат нациите и го туркаат светот кон глобална војна со тоа што одбиваат да разговараат за глорификација на нацизмот и расизмот во Обединетите нации, истакна Патрушев, пренесе ТАСС.

Патрушев оцени дека глорификацијата и промоцијата на неонацизмот поддржан од државите кои се бореа против фашистичкиот нацизам заедно со Советскиот Сојуз за време на Втората светска војна, покажува дека Западот намерно се обидува да ги избрише од сеќавањето на ужасот и страдањето што Нацистичката идеологија донесена на човештвото.

САД и Украина го отфрлија предлогот за резолуција во ОН иницирана од Русија, со која се осудува глорификацијата на нацизмот и другите манифестации на расизам, потсети Патрушев, посочувајќи дека Вашингтон и Киев вршеле голем притисок врз другите земји пред гласањето за тој предлог.

Додека Русија ја прогласува за извор на нестабилност, САД формираат антируски сојузи, ја зајакнуваат својата воена моќ и распоредуваат сили на НАТО во близина на руските граници, рече Патрушев на состанокот во Брајанск посветен на заштитата на антитерористичката инфраструктура во централна Русија.

Целта на САД е да ја ослабат, скршат и на крајот да ја уништат Русија и поради тоа сеат омраза и го поддржуваат развојот на идеологијата на ултрадесничарските екстремисти и националисти во Украина, истакна Патрушев, пренесе ТАСС.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.