Патниците останале шокирани кога га виделе страшната сцена од карпата: Човекот сите ги збунил

Сподели со своите пријатели

Полицијата во Дорсет, Англија и понатаму е збунета бидејќи не успеала да најде никаква трага од човекот кој наводно паднал од карпа висока 30 метри, а потоа побегнал пред некој да му помогне. Според извештајот, мажот бил пијан кога паднал од карпата на Хенгистбери Хед во понеделникот вечерта, пишува Dorset Live.

Loading...

Случајни минувачи, кои пријавиле дека виделе пијан маж како оди во близина на работ, ја алармирале брзата помош. Сепак, спасувачите не успеале да му влезат во трага ниту откако ја пребарале областа со хеликоптер.

Крајбрежната стража го истражувала инцидентот, но не успеала да открие каде се наоѓа пијаниот маж. Сепак, полицијата во Дорсет потврди дека тој „се опоравил и го напуштил местото на настанот“ пред да пристигне крајбрежната стража.

 

 

– Во 16.16 часот, од Заедничкиот координативен центар за спасување е испратен извештај за тоа што изгледа како алкохоличар над карпа во Хенгистбери Хед. По брзата проверка на лицето на карпата со двоглед, за да се види дали има уште жртви, а со хеликоптерот, кој моментално е горе, ништо не е пронајдено – објави јужно крајбрежната стража на социјалните мрежи.

Иако граѓаните се обратиле до надлежните за помош, се уште постојат сомнежи кој е мистериозниот маж и како го преживеал падот од височина од 30 метри. Сепак, најтешко е да се одговори на прашањето каде отиде.

Loading...