Патничка го заборавила бебето на аеродром, па авионот морал да се врати

Сподели со своите пријатели

Авион на компанија од Саудиска Арабија бил принуден да се сврти и врати назад на аеродромот набргу по полетување за Куала Лумпур, затоа што една од патничките сфатила дека го оставила бебето во чекалната.

Loading...

Локалните медиуми објавиле аудио снимка на која јасно се слуша глас на пилотот кој бара од контролата на летење дозвола за враќање на аеродромот во Џеда.

– Нека Бог биде со нас. Можеме ли да се вратиме или што да правиме понатаму? Патничката го заборавила своето бебе во чекалната, се слуша глас на пилотот на снимката поставена на интернет.

Кога контролорот на летот го прашал пилото за потврда на изговорените зборови, тој му одговорил дека патничката своето бебе го заборавила во терминалот и одбива да го продолжи патувањето.

Операторот на крајот дал дозвола да се вратат на Меѓународниот аеродром „Крал Абдул Азиз“.

Leave a Reply