„Пасат“ се преврте на „Октомвриска“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Патничко моторно возило „Пасат“ вчера попладне излетало од патот на крстосницата од улицата „Иво Лола Рибар“ и булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Loading...

Информацијата ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи од каде информираат дека возилото излетало од патот и удрило во жардинера.

Лицето кое го управувало возилото се здобило со лесни телесни повреди.

Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

 

Leave a Reply