Партиите сѐ уште калкулираат за кандидатите за градоначалник на Куманово

Сподели со своите пријатели

Најголемите политички партии во државата ВРМО-ДПМНЕ и СДСМ веќе објавија десетици кандидати за градоначалници за претстојните локални избори што ќе се одржат во октомври, но кога станува збор за кандидатите во Куманово сѐ уште се тактизира.

Loading...

Внатрепартиската битка во СДСМ траеше неколку месеци, а кандидатури поднесоа актуелниот градоначалник Максим Димитриевски, пратеникот и претседател на локалниот огранок на партијата Мартин Костовски, директорот на АД Водостопанство „Кумановско-липковско поле“ Оливер Илиевски, но и актуелната претседателка на Советот на Општина Куманово Атина Мургашанска.

 

 

Лидерот на партијата Зоран Заев, вчера во интервју за телевизијата Сител рече дека се објавени 35 кандидати, а допрва ќе се носат одлуки за големи градови како Куманово, Струмица, Охрид и Битола.

Во десетина општини вели тој, нема да има кандидати и ќе ги подджи оние на коалициските партнери.

„Граѓаните се свесни за сите наши слабости, но и за сите наши предности и ќе направат сериозна компарација со останатите кандидати од сите други понуди. Целосно сум растеретен за одлуката на граѓаните, но верувам во победата и дека кормилото треба да остане кај СДСМ заради сите наши досегашни политики. Во победата верувам заради најдобрите кандидати, најшироката коалиција, најдобрите програми и зашто водиме на анкетите. Мене ми е важно да ги мотивирам, да испорачам најдобра понуда, рече Заев.

Loading...

 

 

Кога станува збор за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, долго време немаше никакви најави кој би можел да биде кандидатот во Куманово. Ставот на партијата беше дека нема да фаворизираат никој додека се разгледуваат внатрепартиските предлози.

Неодамна по завршените партиски консултации беа објавени голем дел од кандидатите, но кандидатот за Куманово сѐ уште остана непознат.

Се шпекулираше за три можни имиња актерот Тони Михајловски, актуелниот пратеник Бране Петрушевски и Бобан Николовски. Дел од членството на партијата во недела му честиташе и му посака среќа на актерот Михајловски за кандидатурата, но официјално партијата сѐ уште не го потврдува неговиот избор.

 

Loading...

 

Локалните избори ќе се одржат на 17ти октомври, кога граѓаните на Македонија ќе избираат градоначалник за своите општини, но и членови на Советите.

Никола Ивановски