Папата сѐ уште во болница, се огласи медицинскиот персонал

Сподели со своите пријатели

Папата Франциско помина мирна ноќ во болница, а медицинскиот персонал е оптимист за неговото закрепнување, објави во четвртокот италијанската новинска агенција АНСА, откако Папата беше хоспитализиран ден претходно.

Loading...

Папата Франциско (86) во средата беше префрлен во римската болница „Гемели“ и му беше дијагностицирана респираторна инфекција за која е потребно „неколкудневно“ лекување, соопшти Ватикан.

Медицинскиот персонал е „многу оптимист“ и верува дека, доколку не се случи неочекуван развој на болеста, Франциск би можел да биде отпуштен навреме за прославата на Цветници на 2 април, објави АНСА, цитирајќи неименувани болнички извори.

Цветници го означува почетокот на напорната недела на церемонии што води до Велигден на 9 април, најсветиот ден во христијанскиот календар, со кој се одбележува воскресението на Исус Христос.

Здравјето на Франциск привлече зголемено внимание во изминатите две години, при што тој беше опериран на дебелото црево и почна да користи инвалидска количка или стап за одење поради хронична болка во коленото.

Неодамнешната хоспитализација на аргентинскиот папа ги оживеа шпекулациите за можна оставка од здравствени причини, по историскиот преседан на неговиот покоен претходник Бенедикт Шеснаесетти.

На прашањето на швајцарската телевизија РСИ во интервју емитувано на 12 март, која состојба би го навела да се пензионира, тој одговорил:

„Замор што не ви дозволува јасно да ги видите работите. Недостаток на јасност, недостаток на знаење како да се проценат ситуациите“.

Loading...