Паника меѓу жителите по најавата за напад на нуклеарната централа Запорожје

Сподели со своите пријатели

Луѓето почнаа да бегаат од регионот околу нуклеарната централа Запорожје, откако обвиненијата од двете страни предизвикаа паника кај Украинците, пишува SkyNews, додавајќи дека Русија направила преседан во овој поглед со минирањето на браната Каховка.

Loading...

Според извештаите, паниката била засилена со руските тврдења на блоговите дека Украинците планирале да ја нападнат централата бидејќи кога Русите ги обвинуваат Украинците дека се подготвуваат да направат нешто, тоа може да биде знак дека тие се подготвуваат сами да го направат тоа, како во случајот со Каховка.

Покрај тврдењата на блоговите и коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за „можни експлозиви“ видени на покривот, руски нуклеарен советник рече дека украинскиот напад врз електраната се очекува во текот на ноќта на 5 јули.

Скајњуз објави дека овие најави предизвикале голем број Украинци ненадејно да ја напуштат земјата.

Редиците на граничниот премин со Молдавија се протегаат на повеќе од три километри, што е состојба каква што не е видена со месеци.

Извори на Скај њуз посочуваат дека некои руски војници се повлекле од централата во последните денови.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.