Паланчанец силувал сограѓанка

Сподели со своите пријатели

Вчера во 16.00 часот во Полициска станица Крива Паланка, С.К. (63) од селото Луке, кривопаланечко, пријавила дека на 17.08.2016 година околу 01.00 часот во нејзината куќа, лицето Ѓ.Д. (44) од истото село, извршил силување над неа, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Сторителот, откако насилно ги искршил катанците од споредната врата од куќата, влегол во собата каде спиела, ја удрил во пределот на главата, а потоа извршил обљуба над истата и го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.