Пакистанец тешко повреден при тепачка на мигранти во селото Ваксинце

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден околу 22.35 часот во Полициската станица Матејче, Х.А. од с.Ваксице пријавил дека во селото Ваксинце, 10 до 15 непознати лица, најверојатно мигранти, меѓусебно се тепат, информираат од Министерството за внатрешни работи

Во истиот период од Општа болница – Куманово во Полициската станица од општа надлежност Куманово било пријавено дека на хирушкото одделение бил донесен С.Р. (25) од Пакистан. Истиот бил донесен со повреди во пределот на десната страна од градниот кош нанесени од остар предмет, по што како итен случај веднаш бил препратен во Ургентен центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи – Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.