03.07.2019 23:57

Паднаа Facebook, Instagram, WhatsApp и Twitter


Социјалните мрежи Facebook, Instagram и WhatsApp и Twitter имаат проблеми со работа скоро низ целиот свет, па и во Македонија.

„Down Detector“ примил пријави за проблеми на Facebook кои обично влијаат врз американските и европски корисници. Повеќе од 80 отсто од корисниците пријавиле проблеми со фотографиите на Фејсбук.

loading...

Фотографиите се или неисправни, невидливи или не можат да се постават.

Според пријавите на корисниците, поголемиот дел од проблемите со Instagram  се однесуваат на news feed, како и вчитување на испратените фотографии.

Корисниците на WathsApp имаат проблеми со испраќање или примање пораки и со влез на апликацијата.

– Запознаени сме со тоа дека некои луѓе имаат проблеми со вчитување или испраѓање фотографии, видеа и други датотеки на нашите апликации. Жал ни е поради проблемот и работиме на тоа работите да се вратат во нормала што побрзо, објави Facebook на Twitter.

Во текот на една од нашите рутински операции за одржување, активиравме проблем кој на некои луѓе им го отежнува испраѓањето фотографии и видео записи. Работиме на тоа да се вратат работите во нормала што побргу и се извинуваме поради било каква непријатност, изјавил портпаролот на компанијата за CNN.

Facebook  е матична компанијата за Instagram и WhatsApp. Заедно, трите платформи имаат над 4 милиајрди корисници.

Во март трите мрежи имаа прекин кој траеше 15 часа, што беше најголемиот пад во историјата на компанијата. Како што додаваат причина за одреден застој се промените на конфигурациите на серверите.

Но, и корисниците на Twitter се соочени со некои проблеми, а компанијата се уште не кажува што точно го предизвикало проблемот.

loading...

– Моментално имаме некои проблеми со DM и известувањата. Работиме на поправување и ќе ве известиме кога ќе имаме нови информации. Се извинуваме поради непријатностите, велат од компанијата Twitter.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments