Оваа ракета е тргната во вселената со една цел – Да испорача пица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Меѓународната вселенска станица неодамна ја доби долгоочекуваната испорака – пакет храна испратена со ракета.

Loading...

Во ракетата имало јаболка, домати и киви, и што е најважно, пица за седум лица, односно персоналот што моментално престојува на станицата над Земјата.

Поточно, ова се состојките за пица, кои астронаутите ќе ги чуваат во специјална печка во вселената.

Се разбира, имало и други работи на ракетата, што им биле потребни на вработените во Вселенската станица за работа и истражување, но можеме да се обложиме дека пицата е сепак најдобриот дел од овој пакет.

Патем, ова не е прв обид да се направи вкусно јадење во вселената, слично на она на Земјата – во јуни оваа година, сегашниот командант на Меѓународната вселенска станица, Французинот Томас Песке, се обиде да направи слатко од тортилја, на која премачка чоколадо и додаде јагоди.

Можете да видите како тоа изгледаше на сликата погоре.

 

Loading...