Оваа овошjе не здебелува, а го зајакнува имунитетот

Сподели со своите пријатели

Покрај тоа што се убави на изглед и многу вкусни, малините се одлична храна за овој период бидејќи го зајакнуваат имунолошкиот систем, а не дебелеат.

Loading...

Сезоната на овие овошја почна многу, па не е лошо да ги јадете секој ден, бидејќи така на телото ќе му ја обезбедите потребната количина на енергија. Идеални се за правење колачи, салати, смути, но и да се јадат свежи, бидејќи така телото ги добива сите корисни состојки.

 

 

Го зајакнуваат имунитетот

Малините се мали „бомби“ од антиоксиданси, кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања, рак, дијабетес и дебелина.

Чај за прелада

Loading...

Лековитиот чај се приготвува од листовите малина (лажица суви листови малина прелијте ги со 2,5 dl топла вода), која долго време се користи за менструални проблеми и неплодност бидејќи поволно делува на здравјето на матката. Чајот се препорачува и при настинки, болки во грлото, кашлица, цревни воспаленија, дијареа и хемороиди.

 

 

Меѓу антиоксидансите во малините е и витаминот Ц – 100 грама овошје од малина содржи дури 44 отсто од препорачаната дневна количина на овој витамин. Ова овошје содржи и витамини од групата Б, како и витамините Е и К. Малините се добар извор на калиум, а ги содржат речиси сите останати минерали (магнезиум, манган, бакар). Затоа ова овошје се препорачува за зајакнување на имунитетот.

Исчистете ги крвните садови

Покрај тоа што се нискокалорични (100 гр свежо овошје од малина има околу 52 калории), малините се богати со влакна – одлична комбинација за добро варење и здраво срце.

 

Loading...

 

Одлично за дијабетичари: немаат многу шеќер

Малините се меѓу овошјата со најмалку шеќер. Чаша свежи бобинки има само пет грама шеќер. Ова ги прави совршен избор за оние кои се грижат за внесот на шеќер. Истражувањата покажаа дека консумирањето малини ја намалува количината на инсулин потребна за одржување на нивото на шеќер во крвта во здрави граници. Кај лицата кои во текот на истражувањето јаделе две порции малини во текот на денот, нивото на шеќер во крвта било пониско отколку кај испитаниците од контролната група, кои не го јаделе ова овошје.

 

 

Ја хидрираат кожата

Loading...

Екстрактите од малини често се користат во козметиката за хидратација. Семките од малина се користат за добивање масло богато со есенцијални масни киселини, кои по состав се слични на природната маст на човечката кожа. Маслото од малина се користи и како природен крем за сончање.