Оваа девојка има коса долга 3 метри

Сподели со своите пријатели

Индијката Аканша Јадав од Мумбаи има коса долга три метри и еден сантиметар и ја гледа должината на нејзината коса како благослов.

Loading...

Таа официјално влезе во книгата за рекорди како сопственик на најдолгата коса во Индија, и зборувајќи за оваа победа, Аканша рекла дека чешлањето на косата и дава задоволство.

 

 

– Освојувањето на националната титула е значајно само по себе. Рекордите се одлични. Сепак, исполнувањето, придонесот и емоциите се уште поголеми – изјавила оваа харизматична дама, пренесува Индија експрес.

 

Loading...

 

На прашањето која е тајната на нејзината долга и сочувана коса, фармацевтот и менаџер за фитнес одговори дека нема тајна, туку дека тоа е „благослов“.

 

 

Таа, исто така, рекла дека ја мие косата околу 20 минути дневно и дека ова е целата филозофија за да има коса од три метри .