Ова се носителите на кандидатските листи за пратеници на Движењето ЗНАМ

Сподели со своите пријатели

Потпретседателот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Никола Мемов, денеска на прес конференција ги претстави носителите на кандидатските листи за пратеници за претстојните Парламентарни избори.

Loading...

За носители на листите во сите изборни единици се избрани следните кандидати:

За носител во ИЕ6 – м-р на правни науки, насока бизнис право, Небојша Захариевски, претседател на ОО на ЗНАМ од Тетово.

За носител во ИЕ 5 – Весна Бендевска, дипломиран психолог на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“, поранешна пратеничка, поранешен пратеседателка и член на Комисија за спречување и заштита од дискриминација и потпретседателка на ЗНАМ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојчевски најави повисоки плати за здравствените работници (ВИДЕО)

За носител во ИЕ 4 – Миле Цеков, дипломиран економист на отсекот меѓународна трговија, претседател на стопанската комора на Југоисточна Европа и претседател на ОО ЗНАМ од Струмица.

За носител во ИЕ 3 – д-р на историски науки Павле Арсовски, генерал мајор во пензија и потпретседател на ЗНАМ.

За носител во ИЕ 2 – М-р по кривично процесно право Даниел Стојчевски, директор на ЈП „Чистота и зеленил“ и претседател на ОО ЗНАМ во Куманово.

За носител во ИЕ 1 – доц. др. Бобан Карапејовски, професор на катедрата по македонски јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Коневски“, член на ИО на ЗНАМ.

Loading...

Како што информираше портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов, кандидатите се избрани вчера првин на седница на Извршниот, а потоа и на Управниот одбор на движењето.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Максим Димитриевски во Кавадарци, Неготино и Прилеп (ВИДЕО)

За носители на листите се кандидирани луѓе кои се нови во политиката, стручни во областите кои работат, чесни, луѓе со карактер и вистински вредности, но и луѓе кои веќе имаат политичко искуство со чист образ – рече Мемов.

Тој ги повика граѓаните да присуствуваат и на промотивна конвенција која со почеток во 13:00 часот во недела ќе се одржи во Спортско-рекреативниот центар „Кале“ во Скопје.

Никола Ивановски