Ова се најлудите порези во историјата

Сподели со своите пријатели

Низ вековите и на разни континенти, различни политичари наметнале чудни, смешни и идиотски порези, пишува „Индекс“. Ова се најлудите порези во историјата.

Порез за масло за јадење

ВО стариот Египет се плаќал порез за масло, но луѓето тоа масло можеле да го купат само од произведувачи кои биле под контрола на фараоните. На жителите им било забрането да користат веќе употребувано масло.

Порез на урин

„Pecunia non olet“ односно „Парите не смрдат“, вели латинската поговорка. Во првиот век римскиот цар Веспазијан наметнал порез на уринот. Уринот од јавните тоалети се продавал како основна состојка на неколку хемиски процеси. На пример, бил користен за перење алишта како извор на амонијак со кој се чистеле и избелувале тогите. Поради тоа тие кои баратале со урин биле под присилба да платат данок.

Порез за слобода

Во Стариот Рим не било невобичаено сопствениците да ги ослободат своите робови по деоволно години служба или за одредена сума која робовите би им ја платиле. Робовите можеле да го платат својот откуп затоа што смееле да работат на неколку места и така да заработат пари за да ја откупат својата слобода. Меѓутоа, римски власти од ослободените роботи барале да платат порез на новостекнатата слобода.

Порез за сапун

Во средниот век, некои држави наплаќале порез за сапунот и тоа траело прилично долго. На пример, Велика Британија тој порез го укинала во 1835 година.

Порез на брада

Рускиот цар Петар Велики во 105 година наметнал порез на брадата. Се надевал дека така ќе ги натера мажите да го прифатат изгледот на западните Европјани кои негувале тазе избричен изглед.

Порез на солта

Франција вовела порез на солта што многумина налутило, до таа мерка, што бил еден од факторите кои влијаел на Француската револуција.

Порез на Кинези

Канаѓаните во 1885 година вовеле порез на кинеските имигранти кои доаѓаат во нивната земја. Имигрантите не плаќале порез, освен ако не биле Кинези.

Порез за камин

Англичаните во 1660 година вовеле порез на камините кој престанал во 1689 година, Луѓето со цигли ги граделе своите камини за да избегнат плаќање на оваа давачка.

Порез за прозорци

Англичаните во 1696 година вовеле порез на прозорци. Поголеми број прозорци значел и поголем порез. Секако, луѓето настојувале да избегнат плаќање порез и тоа довело до намалување на бројот на прозорците на домовите. Со време станал и здравствен пробле, па порезот бил укинат во 1851 година.

Порез на свеќи

Англичаните во 1789 година вовеле и ваков порез. На луѓето им било забрането да произведуваат сопствени свеќи без дозвола. Кога би добиле дзовола, им наплаќале порез на свеќите кои ги правеле. Давачката била укината во 1831 година.