Ова е најзагаденото езеро на планетата: Еден час на брегот и настапува смрт! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Дали сте слушнале за езерото Карачај во Русија, официјално најзагаденото место на планетата?

Loading...

На прв поглед, прекрасното езеро, сместено на југот на Урал, во западниот дел на Русија, е всушност најотровното место на планетата.

Мрачната легенда за планинско езеро на кое никој не смее да му се доближи (ВИДЕО)

Уште во советско време, радиоактивниот отпад од фабриката за преработка на нуклеарен отпад бил депониран во ова езеро. Фабриката се викала Мајак и се наоѓала во близина на градот Озјорск, тогашен Челјабинск.

Денешниот Озјорск е затворен град, сместен во областа Чељабинск. Во ерата по Втората светска војна, кога СССР ја развивал својата нуклеарна програма, базата, лоцирана во овој град, опкружена со електрична ограда и стража, броела неколку илјади научници и инженери.

Базата вклучувала и тајна фабрика за плутониум во која првиот реактор бил пуштен во употреба на 19 јуни 1948 година, а на 29 септември 1957 година избувнала една од најтешките нуклеарни катастрофи.

Последиците од оваа катастрофа биле огромни, но не се знаело многу за нив цели 30 години. Податоците се чувале во тајност!

ЧУДО НА ПРИРОДАТА: Езеро среде планина се појавува неколку пати годишно (ВИДЕО)

Loading...

Оваа нуклеарна несреќа се вика – Киштимска катастрофа. Причината што го добила тоа име, а не името на местото каде што навистина се случила, била затоа што ниту Озјорск ниту Мајак не постоеле на картата, т.е. тие пстоеле, но биле зачувани под шифрирани имиња, односно поштенски кодови: Чељабинск 40 или Чељабинск 65. Значи, несреќата била именувана по најблиското место нацртано на мапата.

Дури во 1990 година била отстранета тајноста на документите поврзани со овој настан.

 

 

Со посебна уредба, тогашниот претседател на Русија, Борис Елцин, ја направил оваа област достапна за истражување на научниците.

Езеро на љубовта: Две срца среде пустина (ВИДЕО)

На научниците не им требало многу време да го прогласат за најзагадено и најопасно место на целата планета!

Loading...

Тој септември 1957 година, експлозија испуштила 70 тони радиоактивен отпад во воздухот, на надморска височина од 2.000 метри, што е еквивалентно на една четвртина од зрачењето од Чернобил.

Облак од прашина набргу ширел честички од целзиум и стронциум во радиус од 23.000 километри и ја загадило целата околна почва и вода за пиење.

И токму таа почва и таа вода ја користеле дури 270.000 граѓани од оваа област.

Ова несреќно езеро има акумулирано 120 милиони тони радиоизотопи. Само за споредба, во 1986 година, Чернобил испуштил „само“ еден милион радиоизотопи во атмосферата.

Ова езеро некогаш било меѓу најголемите, денес е пустина (ФОТО+ВИДЕО)

Анализите на лекарите покажаа дека денес, луѓето во оваа област имаат поголема веројатност да заболат од рак (21% почесто), леукемија (41% почесто) и дури една четвртина од новороденчињата се родени со одредени аномалии.

Локалната река наречена Тежа, која тече недалеку од централата, но исто така недалеку од населениот регион, била толку загадена со радиоактивен отпад што дури 65% од населението имало симптоми на зрачење.

Но, бидејќи сето горенаведено било забранета тема со децении, на лекарите кои би ги прегледувале жителите на оваа област (кои немале идеја што се случува) не им било дозволено да наведат зрачење, па го нарекле „специјална болест“.

Loading...

Денес, овој регион е претежно ненаселен, а преостанатото население никогаш не открило кое е реалното ниво на зрачење во прехранбените производи од домашно производство.

Кога езерото ќе исчезне, останува само страшната глетка (ВИДЕО)

 

Leave a Reply