Кога езерото ќе исчезне, останува само страшната глетка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Рупкунд, езеро лоцирано во индискиот дел на Хималаите, едно е од најтајанествените знаменитости во светот и тоа поради стотици човечки костури кои се наоѓаат во него. Најстариот потекнува од седмиот век.

Loading...

По пронаоѓањето на костурите, Рупкунг е наречен „Езеро на костури“, а се наоѓа на Хималаи, на надморска височина од 5.020 метри. При пронаоѓањето на древните човечки остатоци, научниците развиле бројни теории за нивното потекли, а најмногу се согласувале дека припаѓаат на една група луѓе кои веројатно се уизумрени од епидемијата, пишува „Пипл“

Но, нив ги побива најновото истражување кое заеднички го спровеле научници од Индија, САД и Германија. Вистината, според најновите откритија е уште помрачна.

Група научници во вторник во едно списание објавила резултати од студија во рамките на која анализирале ДНК од коски кои припаѓале на 38 лица. Првата работа која ги изненадила е пронаоѓањето дека сите остатоци не припаѓале на една група луѓе, туку на најмалку две и тоа со временска разлика од 1.000 години.

Меѓу 38 костури, 23 биле машки, а 15 женски. Вкупно 23 имаат јужноазиско потекло, а крај зерото се најдени во 7 и 10 век, во неколку наврати.

Остатоци од една личност имаат источноазиско потекло, 14 од нив, што е особено интересно, источно медитеранско.

Научниците не можеле да ја утврадат точната причина за смртта со анализа на костурите.

На коските на повеќе од 300 луѓе се пронајдени во 1942 година, и натаму има месо со оглед дека езерото било замрзнато 11 месеци во годината и целосно заледено. Порја нив пронајдени се и древни артефакти, копја, кожени обувки и прстени.

Loading...

Leave a Reply