Ова е најскапата куќа во светот: Купена за 270 милиони евра, а еве кој е сопственикот! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мохамед бин Салман, сопственик на фудбалскиот клуб Њукасл и богат саудиски принц, ја поседува најскапата куќа во светот.

Loading...

Во 2015 година, тој купил прекрасен замок вреден 270 милиони евра, што се речиси парите што ги дал за купување на Њукасл, за што платил 350 милиони евра.

Меѓутоа, со оглед дека богатството на Мохамед бин Салман се проценува на 377 милијарди евра, тие трошоци се вистинска ситница за него.

 

 

Замокот Луј XIV бил завршен во 2011 година и бил изграден во стилот на француските замоци од 17 век, додека целиот имот се протега на речиси 5.000 квадратни метри.

Вклучува базени, винарски визби со повеќе од 3.000 шишиња вино, простории за медитација и релаксација, ноќен клуб, кино, сала за бал и терен за сквош…

Loading...

Куќата е полна со скапоцени уметнички дела, а се издвојува сликата на Леонардо Да Винчи „Salvator Mundi“ вредна 400 милиони евра, што значи дека ја платил повеќе од клубот.