Ова е најдобриот тематски парк во светот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Познатиот забавен парк на Ферари во Абу Даби ја освои наградата за најдобриот тематски парк во светот.

Loading...

„The World’s Leadin Theme Park“ е дел од годишниот натпревар „World Travel Award“, а гала вечерта беше изведена во Мукат.

„Четири години по ред, ние сме водечки тематски парк на Блискиот исток. Не можевме да бидеме погорди. Ова е легендарен тематски парк полн со возбуда и содржина. Ние правиме сè што можеме за нашите гости. Горди сме на оваа награда”, рече Бјанка Самут, генерален директор на „Ферари ворлд“ во Абу Даби.

Тематскиот парк на Ферари е создаден пред скоро една деценија за да се испочитува „духот на марката Ферари“.

Сместен е на островот Јас во Абу Даби и е првиот тематски парк на Ферари во светот. Има најбрз ролеркостер во светот.

Паркот беше отворен за јавноста на 4 ноември 2010 година и оттогаш ја доби наградата Средноисточна туристичка атракција во 2015 и 2016 година, како и наградата за водечки тематски парк на Блискиот исток, во 2017 и 2018 година.

Leave a Reply