Ова е девојчето поради кое Инстаграм воведе нови правила

Сподели со своите пријатели

Откако таткото на 14-годишно девојче кое изврши самоубиство изнесе обвиненија против Инстаграм наведувајќи дека сноси дел од одговорноста за нејзината смрт, претставниците на социјалната мрежа ветија дека ќе воведат ригорозни контроли и забрана за објавување било какви фотографии кои укажуваат на самоповредување.

Loading...

Најавена е низа промени на правнилниците вклучително и забрана за објави кои прикажуваат било каква форма на самоповредување, но и отстранување на се што повикува на тоа, па и пребарувања и тагови со исклучок на одредени содржини кои можат да укажат на тоа дека некој е во опасност. Од друга страна, фотографии на рани кои се залечиле ќе останат дозволени.

Министерот за здравство на Велика Британија Мет Ханкок пред неколку дена на разговор го повикал Адам Мосери, главниот човек на Инстаграм. Ханкок и претходно свртувал внимание на тоа дека социјалните мрежи би требало да направат повеќе по повод обликувањето на влијанието кое го имаат на животите и менталното здравје на тинејџерите.

– Ништо не ми е поважно од безбедноста на лицата кои користат Инстаграм. Не стигнавме до ниво на кое сакаме да бидеме кога е во прашање самоповредување и самоубиството и мораме да направиме уште многу за најранливите членови на нашата заедница. На мене е одговорноста тоа да го издејствувам. Ќе се подобриме и ќе бидеме посветени за пронаоѓање и отстранување на такви содржини, а ќе соработуваме и со експерти за да пронајдеме начини за давање поддршка на луѓето кога им е најпотребна, рекол Мосери.

Инаку, одлуката е донесена откако Ијан Расел, татко на 14-годишната Моли, изнесе обвиненија дека социјалната мрежа допринела неговата ќерка да крене рака а себе.

Имено, Моли починала во 2017 година на 14 години, а по смртта нејзиното семејство на нејзиниот Инстаграм профил пронашло содржини поврзани со депресија и самоубиство.

Leave a Reply