Ова би можело да биде доказ дека сме блиску до пресврт на пазарот на електрични автомобили

Сподели со своите пријатели

Бројот на електрични автомобили на патиштата во многу земји се зголемува, а иако во некои земји сè уште е занемарлив, во Норвешка повеќето нови возила имаат електричен мотор. Електричните возила полека, но сигурно го освојуваат САД. И покрај тоа што ќе биде потребно долго време за да станат доминантни, еден податок од првиот квартал од оваа година сугерира дека сме блиску до пресвртница на овој пазар во САД.

Loading...

Имено, во првите три месеци од годинава вкупниот број на новорегистрирани автомобили во таа земја се намалил за цели 18 отсто, но во исто време бројот на регистрирани електрични возила е зголемен за 60 отсто во однос на истиот период  година порано. Треба да се напомене дека уделот на електричните возила е сè уште мал и сè уште не достигнал 5 проценти (4,6 проценти) на почетокот на годината, но трендот е јасен и очигледен – побарувачката за електрични возила полека, но сигурно расте и дека растот треба да биде поголем.

 

 

Автомобилските компании со години инвестираат во електрификација, а во наредните години ќе се инвестираат десетици милијарди долари. Благодарение на овие инвестиции неодамна на пазарот станаа достапни голем број нови модели кои го привлекоа вниманието на купувачите, а тоа е и една од причините за зголемувањето на продажбата, пишува на веб-страницата Car and Driver.

Посебно се споменуваат Форд F-150 Lightning, Киа ЕВ6 и Хјундаи Ионик 5, а секако најголема побарувачка имало за автомобилите на Тесла, со регистрирани повеќе од 110.000 возила (од вкупно речиси 160.000 е-возила регистрирани во САД).