20.08.2018 12:23

Отворена манифестацијата „Забавни фудбалски школи Куманово“


Околу 130 ученици деновиве ќе бидат дел од спортската манифестација Забавни фудбалски школи – Куманово, која официјално започна да се одржува утринава на спортските терени на градскиот кеј.

Настанот на кој учествуваат деца од прво до петто оделение од седум кумановски основни училишта, е развиен по концептот кој потекнува од Данскиот фудбалски сојуз. Неговата основна идеја е забавниот концепт, а она што е важно е аспектот на играта, задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот и подобрувањето на нивото на вештините.

Настанот за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски кој изрази верување дека еден ден овие деца ќе станат професионални играчи.

– Од овде сакам да ви порачам на сите вас, бидете вредни, работете упорно, тренирајте, слушајте ги вашите професори, но првенствено и вашите родители, кога грешат кажете им дека грешат, а вие корегирајте се низ вашата игра и понатамошниот живот и бидете добри граѓани на нашата општина и нашата држава Република Македонија. Верувам дека по овој настан, ќе се изградат нови таленти во нашиот град кои ќе напредуваат и ќе дадат свој допринос за развој на фудбалот и спортот воопшто во државата и во целост во нашиот град. Го прогласувам овој турнир за отворен и најдобрата екипа нека победи, рече Димитриевски.

 

loading...

 

Многубројните вежби и игри се димензионирани така што овозможуваат повеќекратно доживување на мали успеси кај секој од учесниците.

Забавни фудбалски игри се реализира под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општина Куманово, а момчињата и девојчињата ќе се натпреваруваат под менторство на нивните наставници.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments