Отворена манифестацијата „Денови на мед“ во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во организација на пчеларското здружение „Пчела“ во Куманово денеска беа отворени Деновите на мед, манифестација која ќе трае во следните три дена на градскиот плоштад.

 

Loading...

 

Граѓаните ќе имаат можност да купат квалитетен мед на штандовите кои беа поставени денеска, со што започна и одбележувањето на празникот „11 Октомври“.

– Тука сме поради вас, да се претставиме со своите пчелни производи, секоаш се трудиме да обезбедиме доволна количина на продукти со кои се претставуваме, изјави Часлав Ристовски, претседател на здружението „Пчела“.

 

 

На манифестацијата пристигна и заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Благе Цветковиќ кој истакна дека пчеларството е многу значајна гранка во Македонија, каде има 6.000 одгледувачи на пчели.

– Имаме 23.530 пчелни семејства. Владата и министерството гласно ќе го поддржуваат производството и ви посакувам успешна манифестација, рече Цветковиќ.

 

Loading...

 

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, најави дека ќе продолжи поддршката за оваа манифестација, а следната година ќе се прават обиди да се направи брендот „Куманоски мед“.

– На вас медопроизводителите ви посакувам поголем плод и берба и поголема количина на мед од година во година, рече Димитриевски.

 

 

Манифестацијата на отварањето со мини приредба ја збогатија и дечињата од градинката „Ангел Шајче“.

 

Leave a Reply