Отворена Изложбата на кумановските ликовни уметници (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во низата од бројни културни настани од Програмата за одбележување на 11 Ноември, вечерва се одржа и традиционалната ликовна изложба на кумановски ликовни уметници, во организација на НУ Музеј-Куманово.

Loading...

 

 

Во просториите на уметничката галерија беа изложени делата на дванаесет академски ликовни уметници (сликари, графичари, вајари), работени во различна ликовна техника, од  ликовната колонија „Куманово 2021“.

 

 

Loading...

Куманово уште еднаш ги обедини кумановските ликовни творци, преку своите автентични ликовни изрази да го прикажат актуелниот живот на кумановското ликовно поднебје, давајќи придонес за развој на македонската ликовна уметност.

 

 

Изложбата ја отвори градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.