Отворена изложбата „Карпино 2021“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во изложбениот салон на НУ Центар за култура – Куманово вчеравечер беше отворена 19-та Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2021“.

Loading...

 

 

– Работено е најголем дел акрил на платно, дел малку има и колажна техника, се дружеа во ресторанот „Грација“, ние како организатори си дозволивме да ги прошетаме да можат да го видат и Зебрњак, посета на градоначалникот во Старо Нагоричане и црката „Свети Ѓорѓи“ еден наш многу познат споменик од 14 век. Она што оставија, тука е сега да погледнеме и видиме, изјави Зоран Павловски од Мултимедијалниот центар „Карпино“.

 

 

Loading...

На свеченото отворање на изложбата свое обраќање имаше и секретарот на Општина Куманово Александар Гелевски кој истакна дека ова е само еден од настаните во рамките на програмата за одбележување на „11 Ноември“.

– Ја поздравувам како и секогаш беспрекорната организација на Мултимедијалниот центар „Карпино“ кој со вистинска заложба на уметниците кои вредно твореа ја дадоа оваа изложба. Сметам дека ова е вистински начин за одржување и ширење на уметноста преку која творците се изразуваат, а во исто време ја презентираат ликовната култура, рече Гелевски.

 

 

Изложбата содржи 19 слики работени во техниката акрил на платно а учество зедоа следните уметници: Маја Ефтимова Стојанова – Македонија, Александар Стефановски – Македонија, Христина Стојчевска – Македонија, Гроздан Крстевски – Македонија, Дејан Арсовски – Бабата – Македонија, Зоран Арсовски – Бабата – Македонија, Елизабета Зафирова Стојанова – Македонија, Милена Тошиќ – Србија, Далибор Јовановски – Македонија и Емилија и Стојче Тоциновски – Македонија.

 

Loading...

 

Поради пандемијата и новонастанатите сложени услови за работа дел од уметниците работеа во своите ателјеа а поголемиот дел на местото кадешто традиционално се одвиваат активностите на оваа реномирана колонијата – хотелот „Грација“.

 

 

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 24.11.2021, а потоа ќе биде претставена во неколку други галериски простори.

Никола Ивановски