Отсекот за превенција при СВР Куманово делеше маски на граѓаните (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово во соработка со Општински штаб за заштита и спасување Куманово на повеќе локации во градот денеска превентивно се вклучи во заштита на населението од коронавирусот.

Loading...

 

 

– Отсекот презеде мерки со делење на зaштитни маски и укажување на граѓаните за почитување на одлуки на Владата на РСМ кои се однесуваат на носење на заштитна опрема, со цел спречување на ширење на вирус Ковид 19, но и заштита на личното здравје и здравјето на своите најблиски, информираат од СВР Куманово.

 

 

Loading...

Како што појаснуваат од кумановската полиција, активностите околу превентивната заштита на граѓаните за Ковид 19 продолжуваат и во понатамошниот период.

 

 

Никола Ивановски

Leave a Reply