Откриена нова егзопланета, двојно поголема од Земјата (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иако вселенскиот телескоп „Кеплер“ на НАСА, наскоро останува без гориво, тим млади научници корисјтеќи ги неговит еподатоци, успеале да откријат егзопланета одалечена 226 светлосни години во соѕвездието Бик.

Loading...

Престојувајќи на пракса во НАСА; тие користеле снимки од всленскиот телескопт и откриле планета скоро два пати поголема од Земјата во населлива орбита од ѕвездата. Тоа е орбитална одалеченост која овозможува постоење на вода на површината на планетата.

Новооткриената планета, позната е како К2-2288Bb, а би можела да биде карпеста како Земјата или гасовит џин како Нептун.

Големината претставува исклучок помеѓу вансоларните небесни тела, бидејќи е двојно помала од Нептун или за 1,9 пати поголема од Земјата, така да преставува одличен пример за изучување на планетарната еволуција.

Откритието е објавено на 7 јануари на 233от состанок на Американското здружение на астрономи во Сиетл.

– Ова е многу значајно откритие, особено поради температурната орбита и невообичаената година, смета Ејдина Фајштајн, диплонирана студентка на Универзитетот Чиако која учествувала на панелот на друштвото.

Таа е водечки автор на студијата која ја опишува новата плаета, која ќе ја објави „Астрономикал Џурнал“.

Планетата е одалечена 226 светлосни години и се наоѓа во ѕвездениот систем К2-228 кој се состоји од неколку магловити, студени ѕвезди од типот М, кои се одалечени 8,2 милијарди километри, односно околу шест пати поголема одалеченост од растојанието помеѓу Сатурн и Сонце.

Loading...

Leave a Reply