Осум неверојатни теории на заговор за кои се испоставило дека се вистинити (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во некои случаи, реалниот живот може да потсетува на фантастика. Од злобни истражувачки проекти до здравствено прикривање, ви пренесуваме осум примери во историјата што звучат неверојатно како да ги смислиле теоретичари на заговор.

Loading...

Повеќето теории на заговор се покажале како невистинити. Сепак, некои не биле лажни.

  1. ЦИА навистина експериментирала со контрола на умот и психоделични дроги

Централната разузнавачка агенција (ЦИА) едноставно се појавува на површината на многу теории на заговор, но таквата репутација не е целосно незаслужена.

Трудовите објавени во 70-тите години од минатиот век откриваат дека тајната служба навистина се занимавала со контрола на умот, психолошка тортура, зрачење и електрична шок терапија во серија студии за промена на однесувањето, познати како проект МК-Ултра.

Повеќе од 150 експерименти се случиле помеѓу 1953 и 1964 година, од кои многумина вклучувале давање дрога на американски граѓани без нивно знаење и согласност и без медицински надзор.

Целта на ова истражување било да се развијат техники и материјали за борба против Советскиот Сојуз и нивните сојузници.

Но, работите станале позлобни. Тогашниот директор на Централната разузнавачка агенција, Ричард Хелмс, наредил уништување на сите записи поврзани со МК-Ултра во 1973 година, што значи дека немало доволно докази за злобните активности на разузнавачките служби.

Познато е дека истражувачите се одговорни за најмалку една хоспитализација и два смртни случаи, но вистинската вистина е веројатно многу полоша.

Loading...

 

 

  1. Политичарите и индустриските лидери намерно ја доведувале во заблуда јавноста за здравствените ризици поврзани со пушењето

Пушењето го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар, неплодност и целата група на карциноми.

Но, во претходните денови, големите компании направиле се што можат за да ги убедат клиентите дека цигарите не им штетат. Тие дури се обиделе да ја убедат јавноста дека пушењето е здраво.

Тутунските компании биле големи лобисти и дарежливи донатори на политички кампањи. Во суштина, тие поткупувале политичари и други луѓе на моќни позиции, притоа отфрлајќи ги здравствените ризици тврдејќи дека самиот ризик е неизвесен.

Дури во 90-тите години од минатиот век, кога доказите против пушењето биле неспорни – компаниите почнале да признаваат дека постои ризик по здравјето поврзан со пушењето цигари.

Во 2006 година, по седумгодишна тужба, судијата Гледис Е. Кеслер ги прогласи тутунските компании за виновни за заговор по „сузбивање на истражувањето, уништување документи и манипулирање со употребата на никотин за зголемување и продолжување на зависноста“.

Loading...

 

 

  1. Истото се случило и со шеќерот

Индустријата за шеќер, исто така, поминала години криејќи податоци и поткупувајќи ги научниците за да ги задржат несаканите истражувања.

Во 2016 година, една статија објавена во интерната медицина ЈАМА откри дека индустријата за шеќер финансирала истражување во 60-тите години на минатиот век, покривајќи ги ризиците поврзани со конзумирање шеќер.

 

 

Loading...
  1. Владата на САД навистина финансирала истражување на неидентификувани летечки објекти

Минатата година, Пентагон потврди дека владата на Соединетите Американски Држави истражувала воздушни закани или неидентификувани летечки објекти (НЛО).

Помеѓу 2008 и 2011 година, напредната програма за идентификување на воздушни и вселенски закани доби близу 22 милиони долари, што не е голем дел од годишниот буџет на Министерството за одбрана од 600 милијарди долари.

На крајот на краиштата, истражувачите не пронашле ништо и програмата била затворена, барем така велат официјалните лица.

 

 

Loading...
  1. САД ржави вработиле нацистички научници по Втората светска војна

Околу 1.600 нацистички научници биле испратени да работат во САД по поразот на Германија во Втората светска војна. Програмата, наречена Операција „Стејплс“, била прикажана во медиумите во 1946 година.

Некои од овие научници биле вклучени во проектот МК-Ултра. Еден од нив, Вернер фон Браун, бил назначен за директор на Американскиот астрономски проект.

Тој бил силно вклучен во слетувањето на Месечината и во развојот на ракетата Јупитер-Ц, користена за лансирање на првиот американски сателит.

Пред тоа, тој бил вклучен во ракетната програма В-2, каде што исто така користел затвореници од концентрационите логори како помош.

 

Loading...

 

  1. Водата, на некој начин, влијае на полот на жабата

Документ од Универзитетот во Калифорнија од 2010 година открива дека една од десет машки жаби е изложена на астразин, обичен пестицид, преку кој тие доживуваат хормонална нерамнотежа што ефикасно ги претвора во женки.

Тие произведуваат естроген, се парат со мажјаци, па дури и носат јајца. Неодамнешните студии покажаа дека хемикалиите пронајдени во приградските езера исто така можат да влијаат на полот на жабите.

 

Loading...

 

  1. Службата за јавно здравје набљудувала како луѓето со темна кожа непотребно умираат од сифилис, во име на науката

Сифилисот е непријатна болест која, ако не се лекува, може да доведе до слепило, парализа, па дури и смрт, а немало лек пред откривањето на пеницилинот.

Студијата за сифилис во Тускегеј започнала во 1932 година, кога биле избрани 600 мажи за истражување. Од нив, 399 имале сифилис. Луѓето биле измамени и им било кажано дека ќе добијат терапија за „лоша крв“, која дури и не ја примиле.

Да бидат работите уште полоши, истражувачите го продолжиле експериментот дури и откако пеницилинот бил прифатен како третман за сифилис во 1945 година.

Експериментот, кој првично бил планиран да трае шест месеци, траел 40 години.

Loading...

Од некоја причина, лекарите одлучиле дека е во интерес на медицината да гледаат како луѓето умираат бавно и болно.

 

 

  1. Владата на САД намерно ги затрула резервите на алкохол

Политичарите вовеле забрана во 1920 година за да ја потиснат националната навика за пиење алкохол, но нелегалното подготвување и продажба на алкохол се проширила уште повеќе.

Loading...

Самиот закон не можел да ги промени навиките на луѓето, па владата на САД излегла со една злобна идеја – да отруе нелегални залихи пијалоци.

За да го стори тоа, владата започнала да додава токсини, како што се бензен и жива, во алкохолни пијалоци во средината на 1920-тите.

Сепак, најсмртоносната супстанција била метанол, која обично се наоѓа во индустриските производи како гориво.

Пиењето на овие супстанции може да предизвика парализа, слепило, па дури и смрт.

Се проценува дека вкупно 10.000 луѓе загинале како резултат на оваа владина морална војна.

 

Leave a Reply