Осум мигранти пронајдени во возило кај Табановце

Сподели со своите пријатели

Во СВР Куманово вчера околу 02:10 часот било пријавено дека на автопатот Куманово-Табановце, кај клучка за селото Костурник, мобилна екипа на Царинска управа во патничко возило со скопски регистарски ознаки пронашла осум лица мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што појаснуваат од таму две лица биле со потекло од Ирак и шест од Пакистан.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Leave a Reply