Осум дена воздухот во Куманово загаден, нема решение на повидок

Сподели со своите пријатели

Веќе осум дена надминати се дозволените 50 микрограми ПМ10 честички во воздухот кој го дишат граѓаните на Куманово.

Најзагадено според статистиката на Министерството за животна средина и просторно планирање било вчера кога во воздухот во Куманово имало 129 микгограми ПМ10 честички.

Локалните власти најавија продолжување на аеросолизацијата како метода која се спроведуваше минатата зима, но сепак истата се уште не е започната.

На вчерашната седница советникот од ГРОМ Зоран Петрушевски предложи на дневниот ред да се најде и точка за донесување одлука за субвенционирање на чистењето оџаци на домаќинствата, односно 50 отсто од сумата потребна за ова да биде покриена со буџетски средства од Општина Куманово. Неговиот предлог мнозинството советници го одбија.

– Ја знаеме еколошката состојба во која се наоѓаме, загаденоста на воздухот, веќе имаме огромни проблеми, и го чувствуваме загадениот воздух. Очекуваме, а посебно граѓаните, надлежните органи нешто да направат по однос на оваа прашње, проблемот е многу тежок, но еве измотивиран од тоа како некои други општини конкретно скопје донесоа одлука да субвенционираат чистење на оџаците, а дојдов до податоци дека нечистите оџаци до три пати го зголемуваат процентот на загаденост, така да во Скопје имаат одлука од 1.000 денари од оџак, не знам тоа дали е многу или малку, смислив 50 отсто од реално направените трошоци. Слушнав дека за 700-1000 денари е од оџак и така некако како општина би им помогнале на граѓаните, бидејќи ако не ја извршат сите имаме проблеми. Сега не е толку ладно, но замислете кога ќе биде и сите ќе ги запалат огновите како ќе се искомплицира состојбата, рече Петрушевски предложувајќи ја точката.

Со 10 гласови „за“, „17“ против и пет „воздржани“, предлогот беше одбиен.

Минатогодишната аеросолизација, која е краткорочно решение, според резултатите кои беа објавени во март годинава, на одредени локации во градот успешно ја намалила загаденоста на воздухот од 50 до 70 отсто. Доколку не се направи ништо конркетно сигурно е дека кумановци ќе се гушат и оваа година.

Leave a Reply