Осум деца извлечени од пештерата во Тајланд (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Акцијата за спасување на младите тајландски фудбалери и нивниот тренер од поплавената пештера на северот на земјата се приближува кон крајот. Денес се извлечени уште четири деца, откако исто толку беа спасени вчера.

Вкупно осум деца се спасени во двата дена акции, а остануваат уште четири фудбалерчиња и нивниот тренер.

Спасувачката акција за денеска е завршена и истата продолжува утре во раните утрински часови.

Денеска е 16. ден откако момчињата се заробени во пештерата, одалечени се четири километри од влезот, а во акцијата за спасување учествуваат нуркачи од целиот свет, како и тајладнската војска и специјалните единици.

Обилните дождови кои започнаа вчера дополнително ја отежнуваат акцијата.

https://www.facebook.com/ismail.koye.2581/videos/415557155597682/

Loading...

Leave a Reply