Остров од обесени кукли во Мексико кој привлекува милиони туристи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мексиканскиот куклен остров е идеална дестинација за љубителите на хорор филмовите и морничавите легенди, а поврзан е со посебна приказна која со години привлекува милиони туристи од целиот свет.

Loading...

Легендата вели дека пред неколку децении Мексиканецот Џулијан Сантана Барера пронашол девојка која се удавила во езерото и дека поради овој настан решил да го напушти семејството и целосно да се пресели на мал остров во каналите Сочимилко, каде што работел  како чувар.

 

 

Покрај телото пронашол и мала кукла, која потоа ја закачил на дрво за да и оддаде почит на починатото девојче. Во годините што следеле собирал и обесувал се повеќе кукли за да си ја „смири душата“ и да продолжи понатаму.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Слон се прошета низ центарот на градот (ВИДЕО)

Многумина веруваат дека го мачело чувството на вина дека можел да ја спаси девојката.

Туристичките водичи велат дека Сантана бил опседнат со духот на девојчето, поради што ставал кукли на овој остров нешто повеќе од 50 години. Ги наоѓал во канали, продавници и на ѓубриште. Легендата вели дека тој често менувал храна и вредни потреби за старите кукли.

Loading...

 

 

Сантана не ги исчистил ниту поправал, ги оставал во иста состојба како што ги нашол. Некои кукли веќе изгледале морничаво во тоа време, додека други биле оштетени од бројни временски непогоди. Оние играчки кои не ги обесувал, Сантана ги чувал во својата куќа, па до крајот на животот ги сметал куклите за „убави заштитници“ на островот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СНИМКА КОЈА ГИ РАСПЛАКА СИТЕ: Се омажи во болница за да ја исполни последната желба на татко ѝ

На почетокот на 2001 година, Сантана бил пронајден мртов на истото место каде што ја нашол девојката неколку децении претходно. Причината за смртта е давење, кое 20 години подоцна фасцинира многу посетители на островот и дополнително ја потврдува теоријата на туристичките водичи дека островот сè уште го прогонува духот на починатата девојка.

 

 

Loading...

Нејзината традиција на закачување кукли ја продолжија туристите, кои ги носат своите играчки од целиот свет и ги оставаат на островот.