Основците и полицијата во Куманово делеа флаери за безбеден сообраќај (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Ученици од Општинското основно училиште „Кочо Рацин“ денеска заедно со полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово делеа флаери за почитување на сообраќајните правила и прописи и безбеден сообраќај.

Loading...

Акцијата е дел од кампањата „Време е! Разбуди ја свеста и кажи стоп за смртта на патиштата“, а истата се одржува по повод Светскиот ден на сеќавање на жрвите од сообраќајните незгоди.

Активноста ја реализира Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, Отсекот за превенција при СВР Куманово, Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и основните училишта.

– Денешната активност има за цел јакнење на свеста кај сите учесници во сообраќајот, а тоа подразбира и пешаци и возачи на моторни возила, без оглед на годишната возраст, за поголема сообраќајна култура, почитување на сообраќајните правила и прописи за да имаме што помалку жртви во сообраќајни незгоди и секако лица кои што се повредени при тоа, изјави Виолета Богдановска од Отсекот за превенција.

Како што вели Бојан Петковски од Одделението за инфраструктура и сообраќај при Општина Куманово годишно околу 150-160 лица ги губат животите во сообраќајни незгоди и акцијата има за цел да упати апел за побезбеден сообраќај.

– Спроведуваме превентивна акција со делење флаери и едуцирање на нашите возачи, со цел да се апелира дека во сообраќајот секоја година се случуваат сообраќајни незгоди во кои има лесни и тешки телесни повреди, дури и губење на човечки животи. Во државата од 150 до 160 лица годишно го губат својот живот и околу 6.200 лица се здобиваат со телесни повреди. Со оваа акција апелираме за што побезбедно и посигурно одвивање на сообраќајот и апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намали бројот на повредени и жртви во сообраќајни незгоди, изјави Петковски.

Loading...

Инаку Отсекот за превенција при СВР Куманово, во претходниот период спроведе едукативна кампања најпрвин со дечињата од детските градинки, учениците до петто одделение, а сега едукативниот дел е посветен на повозрасните основци и средношколците.

Leave a Reply