Османи на средба со престолонаследникот Акишино и принцезата Акишино

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, во рамки на работната посета на Јапонија се сретна и со престолонаследникот Акишино и принцезата Акишино.

Loading...

На средбата, министерот Османи изрази задоволство од односите меѓу двете земји, особено во делот на културната соработка. Го поздрави делото на Кензо Танге како точка на обединување и симбол на пријателството меѓу двете земји, како и годинешното доделување на наградата “Златен венец” на јапонскиот поет, Шунтаро Таникава, во рамки на Струшките вечери на поезијата

Потоа, министерот Османи оствари средба со претседателот на Парламентарната група за соработка меѓу Северна Македонија и Јапонија, Шинџи Иноуе и други членови на групата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  АНАЛИЗА: Зошто царува трговијата во Македонија?

На средбата стана збор за теми од билатералните односи меѓу двете земји, можностите за унапредување на соработката особено во делот на економијата и бизнисот, современите безбедносни предизвици и нивното влијание врз европскиот континент и Индо – Пацификот.