Османи на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска ќе учествува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел, на кој се поканети и министрите за надворешни работи од државите на Западен Балкан.

Loading...

Стратешката дискусија за интеграцијата на државите од Западен Балкан и руската агресија врз Украина се двете централни теми кој ќе ги опфати овој состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ.

Советот најпрво ќе одржи стратешка дискусија за Западен Балкан, особено околу ангажманот на ЕУ за ублажување на влијанието на руската агресија врз Украина, а последователно министрите за надворешни работи на државите од ЕУ ќе имаат дискусија со министрите за надворешни работи на државите од Западен Балкан.

На маргини на Советот, Османи ќе оствари средби со генералната секретарка на Европската комисија, Илзе Јухансоне, како и со други високи претставници во Европскиот совет и Комисијата.