Оружје украдено од кумановска фабрика

Сподели со своите пријатели

Завчера во 07,00 часот во Секторот за внатрешни работи Куманово, М.Ф. пријавила дека на 05/06.05.2018 година во Куманово на улицата „Индустриска“ во фирма за производство на метална галантерија и конструкции ДОО„Филос“, непознати сторители со прекачување влегле низ отворен прозорец при што одзеле ловна пушка „Бајкал“ модел ИЗ-27, калибар 12 мм, карабин со оптички снајпер марка „Застава М-70“ калибар 8х57мм, пиштол марка „Чешка Зброевка“ калибар 9 мм и ловна пушка марка „Црвена Застава“калибар 16мм сите сопственост на Д.Ф. (64) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид на местото на настанот и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply