Орбан за европските парламентарни избори: Можеме и ќе победиме, на Брисел му требаат промени

Сподели со своите пријатели

Можеме и ќе победиме на европските парламентарни избори, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан на состанокот на владејачката парламентарна група на Демохристијаните Фидес во Балатоналмади, во западна Унгарија.

Loading...

„На Брисел му требаат промени“, рече Орбан, додавајќи дека Унгарија ќе биде казнета со новиот миграциски пакт на Европската унија доколку не е подготвена да прифати мигранти, пишува весникот „Унгарски Немзет“.

Тој посочи дека војната во Украина нема наскоро да заврши, додека Европа се повеќе се оптоварува со намалувањето на американската помош, пренесе МТИ.

„Имаме огромна политичка цена за помошта на Украина… земјоделците протестираат низ цела Европа и наскоро никој нема да верува во победата на Украина“, нагласи Орбан.

Што се однесува до унгарската опозиција, Орбан рече дека левичарските партии „го претставуваат Брисел во Унгарија, а не Унгарија во Брисел“ и ги нарече платеници.

Тој рече дека се надева оти и Брисел и Вашингтон ќе видат промени и дека „европските парламентарни и американските претседателски избори конечно би можеле да донесат надеж во Европа“.

„За девет месеци ќе бидеме посилни отколку што сме сега… вреди да се работи затоа што секој мандат во Европскиот парламент ќе придонесе за заедничката сила што ќе ни помогне на националните избори во 2026 година“, посочи Орбан.