Орбан му подари на Ердоган коњ, а тој нему автомобил

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера му подари коњ по име Аристократ на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој е во посета на Будимпешта.

Loading...

Орбан на „Фејсбук“ објави дека тоа е „подарок од една коњаничка нација на друга“, и дека е нониус пастув од ергелата Мезехеѓеш, пренесе РИА Новости.

За возврат, Ердоган му подари на Орбан електрично возило од турско производство наречено „тог“, објави телевизијата ТРТ Хабер.

За време на официјалната посета на Унгарија, турскиот претседател, освен со Орбан, ќе разговара и со унгарската претседателка Каталин Новак, како и со други претставници на унгарските власти, а ќе учествува и на состанокот на Унгарско-турскиот совет за стратешка соработка на високот ниво.