Орбан: Ердоган може да посредува во украинскиот конфликт

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган би можел да дејствува како посредник во решавањето на украинскиот конфликт, како што направи претходно при склучувањето на „договорот за храна“, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Loading...

Тој потсети дека на 3 јуни во Анкара присуствуваше на инаугурацијата на Ердоган, кој победи на изборите за претседател на Турција и доби нов петгодишен мандат.

„Победата на претседателот Ердоган ни требаше како здив поради неговата мирна позиција. Да не успееше да победи, на позицијата претседател ќе имаше човек за војна, а последиците ќе беа непредвидливи. Претседателот на Турција има шанса да биде посредник меѓу Украинците и Русите, како што направи во врска со кризата во испораката на жито од Украина“, напиша Орбан во видеото објавено на Твитер.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.